Одложено вакцинирањето против сезонски грип

46

Согласно препораките на Комитетот за имунизација, временската рамка за вакцинација е почетокот на ноември. Од ЦЈЗ Скопје информираа дека со вакцинација ќе се почне почетокот на следната недела, а вакцините денеска пристигнуваат во државата и ќе бидат распределени по Центрите за јавно здравје.- Министерство за здравство.

На сметка на државата, но само со претходно закажат термин, ќе можат да се имунизираат граѓаните кои имаат над 65 години, но и хронично болните, здравствените работници, бремените жени и децата до петгодишна возраст. За оваа намена се набавени 40.000 дози.

 

Освен во болниците во Чаир, Ѓорче Петров и во поликлиниката „Букурешт“, ќе бидат отворени дополнителни три пункта во поголемите болници, велат од Здравствениот дом Скопје.

Дел од владината стратегија за справување со КОВИД 19 е поголем број на граѓани да се вакцинираат против грип, оти „средбата“ на двата вируса кои даваат слични симтоми може да создаде хаотична состојба, во, и онака преоптоварениот здравствен систем.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content