СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Изборот на “Мажи на годината” оваа година ќе оди на МРТ1

Во година полна со предизвици, борбата за нормално функционирање на работите е најважна. Затоа и оваа година ќе ги славиме успесите на најуспешните мажи во нашата држава, успеси кои ќе бидат мотив за секој од нас.

Избор на Мажи на годината за 2020 година во организација на Џентлмен Магазин, оваа година ќе биде посебен. Посебен пред се поради големиот интерес во јавноста, но и поради приликите кои ги диктира ситуацијата со пандемијата.

“Имуни не бевме и ние, и затоа, како и насекаде во светот оваа година одлучивме изборот на Мажи на годината да биде во  еден друг концепт. Концепт кој ќе придонесе целокупната јавност да го проследи. Официјално сакаме да ви најавиме дека Мажи на годината за 2020 година ќе оди на МРТ1 во формат на светско шоу каде ќе ги наградиме традиционално најуспешните мажи во Македонија. Настанот ќе се одржи на 25.11.2020 (Среда) со почеток во 20:00 часот на МРТ1, велат од организаторите.

 

“Мотивот да ги избереме најуспешните мажи во нашата држава е огромен, пред се поради ситуацијата со коронавирусот и пандемијата која буквално ни ги поремети плановите и навиките. Затоа, иако се наоѓаме во исклучително тешка година, година која е комплетно различна и која едвај чекаме да помине, ние традиционално, ќе ги славиме најуспешните мажи и оваа 2020 година.“ – изјавија од организаторите.

Мажи на годината е настан кој за прв пат се појави во 2018 година во организација на Фрајдеј Комуникации, и првиот специјализиран онлајн магазин кај нас www.friday.mk или по ново Џентлмен Магазин, и ова е негово трето издание.

“Горди сме што успеавме да креираме настан, кој стана препознатлив белег на џентлмените, на мажите кои негуваат навики кои носат до успех, на хедонизмот, на општествената одговорност. Нашата цел е јасна, а таа е да не мотивира меѓусебно во правец на поместување на сопствените граници, да се поттикнеме на донесување позитивни одлуки кои влијаат на квалитетот на нашиот живот и работа, притоа создавајќи еден позитивен имиџ во јавноста.” – изјавија од организаторите на официјалниот избор на Мажи на годината.

Во изборот се вклучени голем број на докажани професионалци во разни области кои се дел од жири комисијата на официјалниот избор, како и целокупната јавност која номинира и дава свој директен придонес во целокупниот избор.

За маж на годината во 2018 година беше избран доктор Владимир Чадиковски, а во 2019 година Мислав Галер кој ја понесе титулата за маж странец, како и Божидар Јанковски, кој беше избран за Маж на годината во избор на организаторите. Помеѓу останатите добитници минатата година беа и Арсим Папранику, Енвер Малиќи, Стојанче Стоилов, Елиф Елмас, Владимир Стајиќ, Ненад Пантовски и Крис Поповски, Влатко Лозановски, Филип Ивановски, и Габриел Стибел.

Затоа, македонски џентлмени, засукајте ги ракавите оваа година, направете нешто кое ќе биде поттик за сите, нешто што ќе го препознае вашиот труд, и бидете дел од оваа престижна манифестација

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content