Одбележување на Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

32

По повод 28 Април – Светскиот ден на безбедност и здравје при работа, ќе се одржи конференција која ја организираат Министерството за труд и социјална политика, Меѓународната организација на трудот и Советот за безбедност и здравје при работа, а на неа ќе учествуваат претставници на институциите, синдикатите, Државниот инспекторат за труд, Организацијата на работодавачи, како и експерти од областа на трудовото право.​

По тој повод воведни обраќања ќе имаат: Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Владимир Рендевски, заменик министер за здравство, Даниела Китанова, потпретседателка на Советот за БЗР, Емил Крстановски, национален координатор – МОТ, Дарко Димовски, претседател на ССМ и Владанка Трајкоска, претседателка на ОРМ.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content