Овчеполските земјоделци бараат да им се додели неискористеното земјоделско земјиште

44

Во услови на недостиг од лебни зрно, овчеполските земјоделци бараат да им се додели не искористеното земјоделско земјиште. Револтирани се заради нетранспарентноста распределба.

– Имаше огласи за земја, монтирани, пред време се знае кој ќе земе земја, кој нема да земе. Одбиваат, враќаат апликација, се и сешто, изјави Ангелчо Стојчев, претседател на овчеполски Фармер.

За десетина дена стартува жетвата на јачменот, од кој годинава се очекува солиден род, но реколтата на пченицата ќе потфрли и тоа повторно заради несериозност однос на ресорното министерство.

– Беше овде заменикот министер, му побаравме да интервенира да ни се дадат по 2 вреќи ѓубре по декар и да ни пуштат пари. За недела дена ќе ви ги вртиме, ама нема ништо од тоа. Земјоделците не фрлија ѓубре, не можеа да истретираат добро со вештачки ѓубрива  и пестициди, додаде Стојчев.

Се пожалија и дека нема квалитетен семенски материјал, а доцнат и субвенциите.

– Субвенции за житни култури не се земале 70 до 80%, а семенската роба што ја зимаме е катастрофална, изјави Стојчев.

Стојчев е најголем производител на житни култури во Овче поле, а во здружението има 1300 регистрирани земјоделци. Очекуваат приносот од пченица да биде далеку под просекот, односно помеѓу 1000 и 1500 кг по хектар. За да се надомести загубата, неопходно е зголемување на површините под лебно зрно.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content