СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Влажниот јуни му штети на земјоделството, тоа е фабрика на отворено

Климатските промени не оставаат ниедна област од земјоделството без влијание. И покрај многуте прскања посевите на многу земјоделци им пропаѓаат. Тие се свесни дека земјоделството е фабрика на отворено, па вложуваат максимални напори за да се прилагодат на климата. Ангела Јовановиќ прави природни производи од грозје, вели дека прави сé за да ги заштити растенијата, бидејќи поради дождот се појавиле многу болести.

Временските услови годинава ќе влијаат и на производството на мармалад и овошни сокови, а во моментов има големи проблеми со собирањето на разните чаеви.

Од Програмата за животна средина на Обединетите нации велат дека во соработка со централната и локалната власт, со здруженијата на граѓани и некои научни институции, се работи на прилагодување кон климатските промени, справување со сушите, поплавите и ќе се прават напори за подобрување на состојбата.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content