СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Како да дознаете дали ви се прислушкува телефонот?

Мобилните телефони се посебна мета за прислушкувачите. Постојат најразлични начини како илегално може да ви го прислушкуваат телефонот, од инсталирање на екстерни уреди па се до специјализирани програми.

 

 

Еве некои од симптомите преку кои ќе дознаете дека некој ви го прислушкува телефонот:

1. Батеријата брзо се троши

Класичен знак дека некој ви го прислушкува телефонот е траењето на батеријата откако ќе ја наполните. Батеријата во мобилните брзо се троши бидејќи програмите за прислушкување ја црпат нејзината силиа и кога не го употребувате телефонот.

2. Бавно гасење на телефонот

Ако не можете на нормален начин да го исклучите телефонот или му е потребно повеќе време од обично, шансите се некој да ви го прислушкува телефонот. Причината за тоа е што е потребно повеќе време сите програми за прислушкување да се исклучат. Можно е и телефонот да не ви е исправен, но задолжително следете дали телефонот чесшто чудно ви се однесува.

3. Чудни позадински звуци

Шум во текот на разговорот или чудно зуење укажува на тоа дека постои голема веројност телефонот да ви е прислушкуван. Многумина не размислуваат за таа можност бидејќи изговор им е дека врската лошо е воспоставена. Меѓутоа, денешната телекомуникациска технологија е многу напредна и современа така да пречката по прашање на сигнал е многу ретка.

4. Дисторзија на гласот

Уште еден многу чест знак дали некој ви го прислушкува телефнот е дисторзија на гласот. Доколу слушате “роботски„ глас на личноста со која разговарате, многу е голема веројатноста некој да го слуша или снима вашиот разговор.

5. Додека не го употребувате телефонот

Посветете внимание на тоа доколку телефонот почне чудно да се однесува бидејќи е можно да имате инсталирано програм за прилушкување. Овие програми многу лесно може да се внесат на нечиј телефон со помош на е-маил или префрлање на податоци преку блутут. Фиксните телефони исто така не се исклучок кога е во прашање преслушкувањето. Обратете внимание на чудните звуци во позадина, посебно зуење или шуштење.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content