Обид за полов напад врз малолетничка

34

Имено, јавниот обвинител оцени дека постои основано сомнение дека осомничениот, на 8 август во населбата „Тризла“ во Прилеп, заради задоволување на полови страсти, извршил полови дејствија врз 13-годишно дете.

Делото осомничениот го извршил така што отишол пред куќата каде што живее оштетената, која седела со уште неколку деца и ја повикал да отидат да купат пиво од продавницата. Детето се согласило и заедно отишле до продавницата од каде купил пиво, па на негово барање се упатиле во близина кај гаражите од околните згради и застанале во неосветлениот парк каде почнал да ја гушка и да ја трга кон себе. Девојчето за да се спаси побарало од него 100 денари за да купи вода со ветување дека ќе се врати. Осомничениот се согласил и ѝ дал пари, па оштетената побегнала пред својот дом каде седеле другите деца. По кратко време таму дошол осомничениот кој повторно побарал да оди со него, но девојчето не се согласило. Тогаш осомничениот ги избркал останатите присутни деца, седнал до оштетената, па на мобилниот телефон почнал да ѝ прикажува видео записи со порнографска содржина, барајќи од неа да ги гледа снимките. Тој инсистирал девојчето повторно да оди со него кај гаражите, но тоа не се согласило, по што продолжил да ја гушка и допира.

Надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content