СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Државната матура повторно доведена во прашање

Синдикатот на Државниот испитен центар објви дека го продолжува генералниот штрајк кој беше ставен во мирување во мај оваа година. Велат дека потфрлиле надлежните институции кои беа задолжени да изнајдат решение за нивниот долгогодишен проблем со платите.

„Вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) излегоа во пресрет на матурантите и во многу кратки рокови со надчовечки напори ја реализираа навремено и успешно државната матура како и другите процеси и активности во надлежност на ДИЦ.  Во овие седум месеци откако штрајкот беше ставен во мирување, ДИЦ беше во континуирани преговори со Министерството за финансии при што беа предложени и доставени на одобрување повеќе можни решенија, но за жал ниту едно не беше прифатено“, велат од ДИЦ.

Како што се додава, активностите кои се спроведуваат во овој период во ДИЦ, а чија реализација ќе биде доведена во прашање се: стручниот испит за наставници и стручни соработници (пријавени 700 кандидати), основната обука за кандидати за директори, напредните обуки за директори, меѓународните тестирања, а доколку овој проблем не се реши повторно ќе биде доведена во прашање и државната матура која со своите активности започнува од 1.1.2024 година.

Од ДИЦ им се извинуваат на сите лица кои ќе имаат потреба од услугите на Државниот испитен центар а кои со штрајкот ќе им бидат ускратени.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content