СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Нови 83 заразени со Ковид-19 од 700 тестирања

Во последните 24 часа се направени 700 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 419 оздравени пациенти, а починати 11 лица, соопшти Министерството за здравство.

Од новозаразените, во Скопје се 44, во Куманово-три, Дебар-два, Штип-пет, Прилеп-шест, Тетово-три, Велес-четири, Битола-пет, Кавадарци-еден, Гостивар-еден, Струмица-два, Крива Паланка-еден, Делчево-еден, Кратово-еден, Ресен-еден, Неготино-три.

Оздравените пациенти се од Скопје-149, Куманово-28, Штип-19, Прилеп-33, Тетово-19, Велес-24, Битола-21, Охрид-1, Кавадарци-25, Гостивар-16, Гевгелија-5, Струмица-20, Крива Паланка-9, Радовиш-3, Кочани-5, Пехчево-2, Берово-6, Валандово-11, Виница-2, Кратово-2, Свети Николе-5, Кичево-1, Ресен-3 и Неготино-10.

 

Починати се двајца пациенти од Скопје (85 и 75г.), еден пациент од Велес (62г.), двајца од Битола (64 и 74г.), еден од Кавадарци (71г.),од Гостивар (85г.), од ПЕ Гевгелија/ Богданци (64г), пациент од Струмица (58г.), еден од Крива Паланка (61г.) и еден пациент од Радовиш (70г.). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 81804, на оздравени 59650, а на починати 2456. Бројот на активни случаи изнесува 19698.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content