СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Учениците од четвpток на pacпycт, еве кога пpoдолжyва yчебната година

Основците и средношколците од четврток, 31 декември, ќе бидат на зимски распуст кој ќе трае до 20 јануари, а на 21 јануари ќе ја продолжат наставата од второто полугодие на учебната 2020/2021 година.

Согласно со измените на Календарот за организација на работата на училиштата (основни и средни), првото полугодие оваа учебна година почна еден месец подоцна, односно на 1 октомври, а бројот на наставни денови е намален од 180 на 159.

Зимскиот распуст е во период како и во минатите години и, иако имаше барања, не беше предвремен затоа што повеќето од вкупниот број ученици во земјава наставата ја следат онлајн, а кај оние со физичко присуство, како што информираше МОН, заразени ученици и наставници има под 1 процент и училиштата не се преносители на вирусот.

 

Додека учениците ќе бидат на распуст, наставниот кадар и сите засегнати ќе имаат можност до 20 јануари да праќаат коментари, предлози и сугестии за Нацрт-концепцијата за основното образование.

Документот на 48 страници е поставен на веб-страницата на Министерството за образование и наука кое концепцијата ја презентираше во средата. Нацрт-верзијата е објавена на пет јазици: македонски, албански, турски, босански и српски.

За унапредување на содржината на документот,, сугестиите и предлозите до 20-ти идниот месец треба да се праќаат на електронската адреса: [email protected].

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content