Нови сто илјади евра од министерството на Груби за „Арбериа дизајн“ за годишнината од Рамковниот договор

32

Арбериа дизајн“ продолжува да победува на тендери што ги распишуваат државни институции и компании предводени од кадри на ДУИ. Најново, тетовската фирма повторно ја доби јавната набавка за организација на годишнината од Рамковниот договор спроведена од Министерството за политички систем предводено од Артан Груби. Станува збор за два договора (дела) од еден ист оглас. Едниот договор предвидува дека „Арбериа дизајн“ може да испорача услуги најмногу до 4 200 000 денари или 70 000 евра, а вториот – услуги до 1 800 000 денари или приближно 30 000 евра, пренесува 360 Степени.

Првиот договор се однесува главно на обезбедување хотелски, кетеринг и услуги поврзани со опрема за органирање настани. Вториот договор, пак, иако на помала сума, содржи поинтересни ставки, а генерално покрива логистичка и креативна поддршка.

Според понудата која е составен дел од вториот договор, „Арбериа дизајн“ ќе наплати од министерството на Груби околу 5 000 евра за концепт за организирање на настан за 22-годишнината од Рамковниот договор. Слична сума е предвидена и за, како што е наведено во понудата, „стихотворба од реномиран поет, музички аранжман и аудио запис на песна“ по повод годишнината. За продукција на спот за песната се предвидени околу 4 000 евра. Една од повисоките поединечни ставки е продукција на аудио-визулен спот за постигнувањата на Охридскиот договор за што се одвоени околу 6 000 евра.

Дел од понудата на „Арбериа дизајн“ која е составен дел од Договорот со Министерството за политички систем

Предвидено е и печатење промотивен и материјал за обука на млади лидери, мултиетнички фестивал и други настани за периодот август–септември.

Критериум за избор била најниската цена, но „Арбериа дизајн“ немала конкуренција зашто била единствената што се пријавила на повикот.

Прочитај повеќе.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content