Николоски: Споменот на паднатите херои на Карпалак е вечен

8

Тука сме денес да оддадеме почит на хероите коишто бранејќи ја Македонија, независноста, целовитоста, унитарноста на Македонија во 2001 година ги дадоа своите животи на Карпалак. Нивниот спомен е вечен, тоа е спомен кој што ќе остане векови пред нас, генерации да се сеќаваат како се бранеше и се одбрани Република Македонија, но во исто време тоа е и завет за иднината, за следните генерации да го продолжат нивното дело да се гради Македонија како просперитетна, суверена, самостојна, економски стабилна држава, да се гради Македонија како напредна држава. Така што денес затоа сме тука да оддадеме почит и да кажеме слава им на овие херои, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Дозволете ми во оваа прилика зборувајќи за стабилна, напредна и економски просперитетна Македонија, но и Македонија во која што ќе има функционална правна држава и функционален систем на владеење на правото уште еднаш да отворам една тема која што е многу актуелна во Прилеп, а тоа е поврзана со безбедноста на Прилеп и на прилепчани. За жал градот се претвори град од див запад, град во кој што царува мафијата, која што е во спрега со ониe со кои што треба да го спроведуваат законот, мафијата која што не само што не е созбиена од полицијата, туку е во соработка со истата. Поминуваат недели од некои случаи, дури и месеци без да се откријат сторителите на запалените возила тука во Прилеп, пред се тука мислам на пратеникот Петар Ристески, кој што е денес до мене, исто така на директорот на јавното претпријатие, исто така на вработена во општината и бројни други случаи за коишто чаршијата во Прилеп гласно заборува, ама ете надлежните органи никако да ги откријат, истакна Николоски.

Ги повикувам да ги откријат затоа што добро знаеме сите кои се. После промената на власта секако дека ќе бидат и откриени и казнети, но заради безбедноста на градот, добро е да бидат веднаш процесуирани затоа што ниеден криминал нема да биде заштитен, додаде тој.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content