СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Големи разлики во цените на храната од град до град

Цените на храната и понаму остануваат во фокусот на граѓните, што се должи и на поскапувањето и на фактот оти најголем дел од платите на работниците во земјава одат на покривање на основните трошоци, меѓу кои е и храната.

Државниот завод за статистика (ДЗС) го објави најновиот месечен билтен во кој се опфатени и цените на основните прехранбени производи по градови во Македонија. Брз преглед на цените покажува дека иако сме мала земја има големи разлики меѓу цените на истите производи во различни градови. Она што е уште поинтересно и чудно е фактот дека кај исти производи се случува да има разлика во цената од еден до друг град за дури сто денари по килограм. Но, ова не е појава која ја има само сега, туку напротив споредбите покажуваат дека постојано се случуваат големи разлики во цените на продуките во малопродажба.

Притоа, Скопје како главен град со најголема фрекфенција на граѓани, не секогаш ги има највисоките цени, но жителите на главниот град плаќаат најскапо месо во земјава.

Па што велат податоците на ДЗС за месец октомври 2023 година. Просечната цена на килограм компир во Македонија достигнвуа 41,93 денари. Најскапо компирот во октомври се продавал во Велес по цена од 51,64 денари, додека најниска цена имал во Куманово, каде се продавал за 38,26 денари.

Познатото гравче без кое не може ниту едно македонско домаќинство во просек се продавало по цена од 206,30 денари за килограм. Но, токму жителите на градот кој важеше за најпознат производител на квалитетно гравче во последниве години плаќаат највисока цена. Имено, во Тетово цената на гравот достигнала 282,13 денари, додека најевтино гравот се продавал во Струмица и тоа по цена од 123,98 денари.

Овие цени покажуваат дека разликата во цената кај овој продукт надминува 100 денари по килограм, и таа изнесува дури 158 денари по килограм.

Уште еден производ кој во нашата земај масовно се произведува и се конзумира се јаболките, кои во просек во цела земја се продавале по цена од 53,38 денари. Најскапа цена на јаболки е најдена во Велес, каде тие чинеле 75,75 денари за килограм, додека пак најевтини биле во Струмица и се продавале за 44,49 денари.

И цената на млекото се разликува од град во град. Просечната цена за цела земја изнесува 62,43 за литар, но најскапо се продава во Струмица, каде цената за литар млеко достигнува високи 81,96 денари. Најниска цена за литар млеко статистика утврдила во Велес каде чинело 58,74 денари.

Што се однесува пак до млечните продукти, домашното овчо бело сирење се продавало во просек по цена од 506,42 денари за килограм за цела земја. Највисока цена на овчо сирење имало во Битола и тоа 542,21 денар за килограм, додека најниска била цената во Велес каде се продавало за 440,68 денари.

Што се однесува пак до кашкавалот, и таму се забележуваат големи разлики во цените. Просекот за цела земја е 542,21 денар за килограм кашкавал, но килограм од ова задоволство кај нашиот туристички бисер чини најмногу. Имено во Охрид кашавалот во октомври чинел 624,11 денари за килограм, додека пак во Велес само 421,01 денари за килограм.

Оризот бил најскап во Скопје и чинел 158,89 денари за килограм, додека најевтин во Струмица и се продавал по цена од 100 денари за килограм.

Големи разлики во цените има кај свежото месо. Па така јунешкото месо најскапо ги чини жителите на главниот град, каде се продавало по цена од 640,74 денари за килограм, додека најниска била цената во Штип, каде се продавало по цена од 322 денари за килограм.

Телешкото месо исто така најскапо е во Скопје, каде чинело 689,53 денари за килограм, додека најевтино повторно во Штип каде се продавало по цена од 379,37 по килограм.

Кај свинското место разликата во цени не е толку изразена, но повторно и овој тип на месо е најскапо во главниот град, каде чини 389,89 денари, додека најевтино во Струмица каде чинело 313,19 денари.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content