Министерството за правда ќе го испитува случајот со новинарката Колевска-Делевска

33

„Министерството за правда ќе ја преиспита постапката на раководителката и ќе преземе сè што е во рамките на надлежностите и ингеренциите, а во најкус можен рок и ќе се произјасни. Министерството за правда ќе направи сè за да ја заштити слободата на изразување и говор, која е неприкосновено право во секое демократско општество”, се вели во денешното соопштение.

По покана доставена во саботата од вооружени полицајци на домашна адреса, новинарката Соња Колевска-Делевска од СДК.мк вчера беше во полициската станица Беко во Скопје на службен разговор во врска со поплака за објавен текст.

Пријавата ја поднесе државна службеничка, раководителка на едно од местата во Министерството за правда, која, како што кажала, почувствувала вознемиреност по нејзините здравје и углед по текстот „Адвокатка тврди дека ѝ бил побаран поткуп од раководителка во Министерството за правда, а откако одбила, била уценувана да се откаже од парите што ѝ следуваат”, објавен во СДК.мк на 27 април 2022.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content