МВР со посебен телефон и електронска пошта за пријави на недозволено групирање

27

Одговорните граѓани ќе можат да пријават кршење на здравствените протоколи за заштита од коронавирус и недозволено групирање на журки и домашни прослави, како и во викендички или изнајмен простор, на бесплатниот телефонски број 0800 00 201 или на електронската пошта [email protected]

„Во насока на доследно и целосно почитување на уредбите на Владата, граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано прославување во текот на претстојните празници“, објаснуваат од ресорното министерство.

 

МВР во пресрет на празниците уште еднаш апелира до граѓаните да се воздржат од групни собирања и прослави, да ги почитуваат мерките на Владата, со цел заштита на индивидуалното и јавното здравје.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content