СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Се замрзнува маржата на огревно дрво и пелети за огрев на 10 отсто

По предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за определување највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата за: огревно дрво од даб; огревно дрво од бука и пелети за огрев.

Во согласност со одлуката, највисоката трговска маржа за овие производи за сите трговци се утврдува во висина најмногу до 10 %, објави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Висината на трговска маржа најмногу до 10 % за наведените стоки ќе важи за сите трговски друштва и трговци поединци што учествуваат во трговскиот синџир во трговијата на мало, а транспортот за испорака на стоките до крајните потрошувачи не се пресметува во висината на трговската маржа.

Причината за ограничување на трговската маржа се заснова на усогласување на разликите во цените што сега се присутни во трговијата на мало, односно при продажба на огревно на дрво и пелети за огрев.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content