СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Еврокомесарот Вархеји доаѓа во Скопје

Откако вчера беше објавен извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата на патот кон ЕУ, Вархеји денеска ќе престојува во посета на Македонија.

Вархеји, како што е најавено, ќе има средби со премиерот Зоран Заев и со членови на Владата. По билатералната средба и свечената седница на Владата, Заев и Вархеји ќе одржат прес-конференција.

Предвидено е еврокомесарот за проширување и добрососедство да се сретне и со претседателот на Парламентот Талат Џафер и да има обраќање пред пратниците во законодавниот дом.

 

Најавен е и работен ручек на еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји со претседателот на државата Стево Пендаровски.

За време на престојот во земјава, Вархеји ќе оствари средба и со лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Еврокомесарот Оливер Вархеји доаѓа во Скопје откако вчера беше објавен извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата на патот кон ЕУ, како и економскиот план за Западен Балкан.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content