СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Прво се тепале во кафеана, па после и со полиција

ОВР Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Ј.(32), А.М.(26), Д.П.(33) и П.О.(43), сите од Прилеп, поради постоење на основано сомневање дека сториле кривични дела по чл.382 од Кривичниот законик, за „спречување  службено лице во вршење службено дејствие“ и по чл.386 од Кривичниот законик – „насилство“. 

Имено, на 14.08.2022 околу 18 часот, во угостителски објект во Прилеп, по претходна вербална расправија, пријавените физички го нападнале В.Н.. На местото на настанот веднаш пристигнале полициски службеници од ОВР – Прилеп кои од страна на пријавените биле спречувани во преземањето на службени дејствија.

Лицата биле лишени од слобода, а од страна на Судија на претходна постапка при Основен суд Прилеп изречена е мерка куќен притвор.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content