Лазаров и Миркуловски вечерва ќе го одиграат последниот натпревар за Македонија

9

Вечер Македонија ќе го игра реваншот со Чешка во финалето на плејофот за пласман на Светското првенство 2023.

Лазаров кој е и селектор на репрезентацијата посакува било каква победа и остварување на целта, задржување на континуитетот на учества на големите натпреварувања.

„Верувам дека со помош на седум илјади наши навивачи кои ќе ни бидат ветер во грбот, а не психолошки притисок, ќе ја победиме Чешка. Најважно е да победиме без разлика дали тоа ќе биде со еден, два или повеќе голови. На нивни терен покажавме дека имаме квалитет.  Знам и дека за реваншот Чесите ќе се подготват добро и дека нема да биде воопшто лесно. Ние имаме добар резултат, позитивен, никогаш сме немале ваков во еден бараж натпревар“, рече Лазаров.

Натпреварот ќе се игра вечер во салата „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот. Сите билети се распродадени па се очекува огромна поддршка од трибините за македонските ракометари.

За потсетување првиот меч одигран пред четири дена во Злин, резултатот беше нерешен 24:24.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content