СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Со помош на зелка до уникатни велигденски јајца

Има толку многу креативни идеи за боење велигденски јајца, а една од нив е и виолетова зелка.

Потребни состојки:

  • 2 чаши сечкана виолетова зелка
  • 1 лажица оцет
  • ½ лажичка сол
  • 2 чаши вода
  • тврдо варени јајца

 

Постапка:

Во тенџере ставете ги зелката, оцетот, солта и водата. Оставете да зоврие, а потоа варете 15 минути. Процедете ја зелката и оставете ја течноста да се излади. Потопете ги тврдо варените јајца во течноста, нека стојат 30 минути или уште подобро во текот на ноќта. Исцедете ги јајцата од водата и оставете ги целосно да се исушат.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content