Концертна промоција на првиот албум „Ехо“ на Зарина Првасевда
На 15 април во Македонската филхармонија ќе се одржи солистичкиот концерт на Зарина Првасевда, промоција на нејзиниот прв официјален студиски албум, насловен како „Ехо“ во издание на Кроациа рекордс.

Албумот содржи 11 традиционални песни од Балканот, спакувани во нови и уникатни аранжмани, а отпеани на пе јазика, на македонски, албански, турски, српски и бугарски.
Зарина ќе биде придружувана од нејзиниот ансамбл во состав : Филип Димишковски, Ратко Даутовски, Дејан Цветковски, Драган Теодосиев, Благојче Трајковски, Тони Арслан, Пенче Кралев, Филип Михајловски, Дејвид Демир.
Како специјални гости на концертот ќе настапат Васил Хаџиманов, Александар Петров и Перија, како и други нејзини пријатели и колеги.
„Овој концерт претствавува своевидно заокружување на првиот циклус – нашето виртуелно дружење изминативе две-три години по социјалните медиуми, со што отпочнуваме ера на заедничко физичко споделување на енергија, љубов и музика кое на крајот на денот го заслуживме и јас и мојата публика и сите мои следбеници. Овој настан го чекам и замислувам откако знам за себе си, што говори за тоа дека е од вистински голема емотивна важност за мене и можам да кажам дека оние кои ќе бидат присутни таму, ќе посведочат на најубавиот ден во мојот живот како и остварувањето на сонот на едно мало девојче што никогаш не престана да сонува, дури и кога се чинеше речиси невозможно. Со голема радост и срце полно љубов и музика, ве очекувам на 15 април“ , вели Зарина.
Продажбата на билетите ќе почне од 4 април, а можат да се купан и онлајн.