Итно повлечени сладоледи од пазарот во Македонија

35

Од пазарот се повлекуваат сладолед KIT KAT стапче со потекло од Франција, сладолед Милка Ванила и Чоколадо Стапче  со потекло од Полска и сладолед Милка Чоколадно Стапче со лешник од Полска.

Причина за повлекување на сите сладоледи е дека претставуваат небезбеден производ поради присуство на етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.

 

 

„Горенаведените производи, во количина од 3.080 литри и 30.064 парчиња, при контролата од инспекциските служби на АХВ, затекнати се во магацинот на увозникот. Небезбедниот сладолед е ставен под службен надзор, односно, забрането е негово ставање во промет“, соопшти АХВ.

АХВ апелира до потрошувачите кои ги имаат купено горенаведените производи со сериски број/лот, да не ги конзумираат и истите да ги вратат на местото од каде ги купиле или да ги уништат.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content