СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

20 години од загинувањето на бранителите кај Карпалак

Две децении по трагедијата која зави 10 прилепски семејства црно. Државниот врв и политичките партии со положување свежо цвеќе ја одбележаа жртвата на десетмината бранители кои загинаа во заседа кај Карпалак во воениот конфликт во 2001-та година.

Опозицијата обвинува за лицемерен однос кон бранителите од страна на власта. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека сепак може делумно да и прости на власта за стореното во изминатите четири години.

Ова што денеска го видовме овде во Прилеп од страна на претставниците на локалната самоуправа и на владата, претставува еден исклучително лицемерен чин кон жртвата на овие луѓе, бидејќи ако навистина се сеќаваа на минатото и жртвата која што во минатото голем број Македонци ја дадоа за Македонија, тогаш во најмала рака денеска ќе се извинеа за сето тоа што го правеа и го прават овие 4 години, не само во Македонија, туку и тука во Прилеп. Но, за жал како што тоа често пати бива, тие ја испуштија оваа шанса, рече Мицкоски.

 

За министерката за одбрана Шекеринска, трагедијата за Карпалак е настан кој оставил длабоки траги и во меморијата, но и во носењето на државните одлуки. Рече дека за хероите никогаш да не умрат, наше е да продолжиме на нив да се сеќаваме.

Денеска кога се сеќаваме на жртвата пред дваесет години, мислам дека е редно да оддадеме признание и на жртвата и ризиците со кои што се соочуваат наши стотици војници кои што се сега на територија на цела држава кои што ги прекинаа сите други активности за да се приклучат на заедничката цел да ги заштитат луѓето, да ја заштитат државата, да ги заштитат и материјалните добра. Со храброст во срцата и беспоштедно за својата земја. Оваа борба со огнот кој што ја зафати државата е на некој начин и нивен долг кон своите колеги кои пред дваесет години ги положија и своите животи за истата цел – да обезбедиме мир, да обезбедиме стабилност, да обезбедиме безбедност на сите наши граѓани, рече Шекеринска.

На одбележувањето на 20-годишнината од загинувањето на армиските резервисти венец положи и претседателот Пендаровски.

Заседата кај Карпалак донесе дополнителна неизвесност на конфликтот во 2001-та. Трагичниот настан се случи во моменти кога се преговараше Рамковниот договор и кој го стави неговото потпишување под знак прашалник.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content