За првпат на инфективното во Прилеп се лекуваат пациенти со конвалесцентна плазма, а голем е бројот и на доброволното дарување

39

Според трансфузиологот Виолета Јованоска од одделеот за трансфузиона медицина при прилепската болница, трите единици плазма се дадени синоќа.

За првпат синоќа на инфективното одделение се дадени три единици конвалесцентна плазма на пациенти што се на одделението. Иако е рано да се каже, но првично што ме информираа изутрината, има мало подобрување. Досега плазмата се користеше за нашите пациенти кои се на клиниките во Скопје и секаде каде беше најпотребна. Со ова и инфективното одделение се вклучува во поефикасна помош на пациентите, објаснува Јованоска.

 

Голем е одзивот на дарување крв за крвна плазма на оздравени пациенти. Досега се пријавиле над 150, а само во текот на вчерашниот ден 16 доброволци.

Многу сум горда што при мојот повик да дојдат рано во 7,30 часот се одзваа доброволците. Вчера дури 16 од Прилеп и од Македонски Брод.  Од нив очекувам баред 10 успешно земање конвалесцентна плазма, а ќе се радувам да бидат успешни сите 16.

Инаку досега имаше преку 150 добровоци, а успешно е земена крвната плазма од 33. Еве и изутрината имавме уште еден доброволец. Ова е посебно задоволство од хуманоста на граѓаните, вели трансфузиологот Јованоска.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content