СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Руската православна црква ја призна МПЦ – ОА

Светиот синод на Руската православна црква на денешната седница ја призна Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како автокефална сестринска црква.

На 25 август 2022 година, на седницата на Светиот синод на Руската православна црква, беше слушната пораката на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил за доделувањето од страна на Српската православна црква на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридската архиепископија. Синодот одлучи да му се заблагодари на Господ Бог за решавањето на прашањето за статусот на Православната црква во Северна Македонија на канонска основа и да ја признае Македонската православна црква – Охридска Архиепископијата, како автокефална сестринска црква, впишувајќи го името на нејзиниот Поглавар, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан, во светите диптиси, објави на својата веб страна Руската православна црква.

Членовите на Синодот, се вели во објавата на Руската православна црква, изразија надеж дека МПЦ – ОА, најмладата во семејството на автокефалните православни цркви, цврсто ќе ја зачува светата православна вера во чистота и интегритет и ќе ја запази верноста на православната канонска традиција.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content