Завршуваат антикризните мерки, граѓаните во страв

21

Во Владата оптимисти, а граѓаните претпазливи. Надлежните се сигурни дека се исполнети условите за да се одмрзнат цените на основните прехранбени производи. До крајот на денот оваа антикризна мерка ќе престане да важи. Луѓето по пазарите – во страв. Велат дека и покрај поволните услови за стабилизирање на пазарот, некој сега „трие раце“. За народот нема дилема дека трговците и производителите ова го гледаат како сигнал за слободно да си ги зголемат цените. Се стравува од ценовен шок.

НЕВОЗМОЖНО Е НЕШТО ДА ПОЕВТИНИ. НЕ ВЕРУВАМ. ВО ОВАА СИТУАЦИЈА НЕ МОЖЕ НИШТО ДА СЕ НАПРАВИ. СИРОМАШТИЈАТА ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ УШТЕ ПОВЕЌЕ, ЌЕ БИДЕМЕ ПОБЕДНИ, РЕАГИРААТ ГРАЃАНИТЕ.

Од Владата велат дека имале консултации и со Стопанската комора и добиле уверувања дека нема да има големи осцилации на пазарот. Цените на струјата не се како што беа, цената на суровините е намалена на светските берзи. Ова се само дел од аргументите на надлежните. Според синдикатите, сето ова паѓа во вода.

ТРГОВЦИТЕ ЌЕ НАЈДАТ НАЧИН КАКО ДА ГИ МАНИПУЛИРААТ ПАЗАРИТЕ, А СО ТОА И ПОТРОШУВАЧИТЕ. СВЕСНИ СМЕ ДЕКА ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД ДЕКА САМИТЕ НОСАТ ДВОЈНИ, ТРОЈНИ ФАКТУРИ, УВЕЗУВААТ ПОД ЕДНА ЦЕНА, ПРИКАЖУВААТ ДРУГА ЦЕНА, ШТО ЗНАЧИ ДЕКА МАНИПУЛИРААТ СО ЦЕНАТА НА ПРОИЗВОДИТЕ. СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ БУДНО ЌЕ ГО СЛЕДАТ ТОА И ДЕКА ЌЕ СЕ ОБИДАТ ДА ВЛИЈААТ НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ОВИЕ ПРОИЗВОДИ КОИШТО СЕГА ЌЕ СЕ ОДМРЗНАТ, РЕЧЕ ЗЛАТКО ЦВЕТКОВСКИ, СЕКРЕТАР НА ССМ.

Претходно и вицепремиерот за економски прашања најави дека ако има потреба соодветно ќе се реагира. Нови мерки сега нема, останува само инспекцијата. Битиќи уверува дека ќе се следи состојбата и кај трговците и кај производителите, со надеж дека ќе се задржат или намалат сегашните цени.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content