ЕК денеска ќе го објави извештајот за Македонија, Вархеи утре во Скопје

48

Утре пак се очекува во Македонија да допатува еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи.

За време на неговата посета на Скопје тој треба да се сретне со претседателот Пендаровски и премиерот Заев.

 

Земјава се надева дека во декември ќе се одржи првата меѓувладина конференција со ЕУ, што ќе го означи почетокот на пристапните преговори со Унијата.

Хајко Мас, министерот за надворешни работи на Германија, земјата претседавач со Унијата, минатата недела испрати јасна порака дека Македонија заслужува што поскоро да ги отпочне пристапните преговори.

Во однос на барањата од Бугарија која поставува дополнителни услови за нашиот старт на преговорите, Мас изјави дека тие се водат на билатерално ниво и на ниво на ЕУ и оти е оптимист дека овие прашања во скоро време ќе бидат затворени.

Премиерот Заев вчера изјави дека не очекува блокада од Бугарија за ЕУ. Заев повтори дека идентитетските прашања,се право на самоопределување.

Во меѓувреме група угледни бугарски интелектуалци јавно го осудија меморандумот на Софија испратен до земјите на ЕУ.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content