СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Пред пратениците закони од образованието и заем од СБ за справување со Ковид-19

Собранието треба да се произнесе и по Предлог – одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија.

Собранието денеска ќе ја одржи 15. седница на која на дневен ред е Предлог законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за итно справување со COVID-19 во Македонија, по скратена постапка.

На седницата се и закони од образовната сфера: Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, како и дополнувањата на законите за студентскиот стандард и за ученичкиот стандард, сите по скратена постапка.

 

Пратениците треба да расправаат и по Предлог законот за спречување и заштита од дискриминација, како и по предложените измени на Законот за заштита на укажувачи и измените и дополнувањата на законите за судските такси, за автокампови и за скијалишта, во прво читање.

Собранието треба да се произнесе и по Предлог – одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија, заради заштита од илегална миграција и заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за Коронавирусот COVID-19 и спречување од негово ширење и заради висок ризик и зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на државава.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content