Европско патувачко кино под отворено небо

32

„Европско патувачко кино под отворено небо“ е годишен приказ на нови европски филмови признаени од критиката и сакани од европската публика, кој секоја година патува во три различни градови низ земјата.

Годинава започнува во Валандово на 13 и 14 јуни пред салата „Јанко Узунов“, потоа патува до живописното Китино Кале во Кичево на 18 и 19 јуни, и завршува во Штип на 24 и 24 јуни на летната сцена на Младинскиот центар.

„Европското патувачко кино под отворено небо“ годинава ќе прикаже 6 европски долгометражни филмови. Повеќето од нив се наградувани филмови создадени во последните години, кои ја отсликуваат европската креативност и различност и нудат нешто за сечиј вкус, како и 6 македонски кратки филмови, од кои некои исто така биле наградени на различни филмски фестивали и биле пофалени од љубителите на филмот.

Проекциите ќе започнуваат во 20.30 часот, а потоа ќе следат разговори со познатите филмски критичари Влатко Галевски, Златко Ѓелески и Јована Ѓорѓиоска и нивните гости, познавачи на темите што се обработуваат во филмовите.

 Годинешниот избор на играни филмови ги вклучува: Лавкат (Lovecut, Австрија), Смената (The shift, Италија, Белгија), Маре (Mare, Швајцарија, Хрватска), Надеж (Hope, Норвешка, Шведска, Данска), Атлас (Atlas, Швајцарија, Белгија, Италија) и Вселенското момче (Space boy, Белгија).

Изборот на филмови ги отсликува современите теми кои се однесуваат на сите нас, а особено на младите – од тинејџерските животи и врски под влијание на интернетот до насилниот екстремизам и тероризмот, и од учеството на жените во снимањето филмови до децата во науката итн. Влезот на проекциите е бесплатен.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content