Доделување на државната награда „8 Септември“

33

Во Кристалната сала на Собранието денеска Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ ќе врачи награди од областа на спортот за 2022 година, кои се доделуваат на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот.

Чедо Николовски е овогодинешниот добитник на наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Македонија на меѓународен план.

Наградите со кои се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот им се доделуваат на: Атанас Костовски, Зоран Карановиќ, Стојан Андриевски и Ацо Јорданов.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content