СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

31 година независност – „Нека ни е честита самостојна и независна Македонија!“

„Нека ни е честита самостојна и независна Македонија!“ беа зборовите на претседателот Киро Глигоров кој на преполниот плоштад во Скопје пред 31 година ги официјализира резултатите од референдумот на кој македонскиот народ со огромно мнозинство од 95% од излезените 75,7 проценти  се изјасни за осамостојување на Република Македонија од федеративна Југославија во која се распламтуваше граѓанска војна.

Претходно Собранието на Република Македонија на 25 јануари 1991 година со акламација ја донесе Декларацијата за независност. Независноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина…

Државноста на 17 ноември таа година беше утврдена со усвојувањето на Устав на Република Македонија, државата и монетарно се осамостои со воведувањето на денарот на 26 април 1992, како и со формирањето на вооружение сили.

На 8 април 1993 година Македонија со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација под привремената референца Поранешна југословенска Република Македонија. Причина за тоа беше противењето од стрна на Грција на употребата на уставното име. Oттогаш Македонија беше призната под уставното име од над 130 држави, меѓу кои неа и три постојани членки на Советот за безбедност, САД, Русија и Кина, а воспостави дипломатски односи со 170 земји.

На 17 јуни 2018 година во селото Нивици, Грција на брегот на Преспанското Езеро шефовите на дипломатијата на Македонија, Никола Димитров и на Грција, Никос Коѕијас го потпишаа Преспанскиот договор кој го парафираше посредникот на ООН за спорот за името Македонија, Метју Нимиц.

Договорот ја заменува Привремената спогодба потпишана во Њујорк на 13 септември 1995 година, со кој земјата се преименува во Северна Македонија, а Грција ќе го признае државјанството на соседната земја како македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, ќе се согласи официјалниот јазик на државата да се именува како македонски јазик и нема да го попречува членството на соседната земја во меѓународните организации.

По деценискиот спор со Грција, во 2020 година Македонија стана членка на НАТО; Но, сега Македонија е на ново искушение бидејќи патот кон ЕУ го блокира Бугарија. Македонија доби статус на „земја кандидат“ во 2005 година, а ќе почне да ги отвора поглавјата за членство во ЕУ откако ќе се направат неопходните уставни измени кои произлегуваат од билатералниот протокол потпишан со Бугарија.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content