Дејан Георгиевски го сруши светскиот првак во таеквондо

41

Дејан Георгиевски рано изутринава во 6:45 по македонско време се бореше со Рафаел Алба од Куба, кој успеа да го совлада во категоријата до 80 кг.

Инаку една борба на таеквондо трае три рунди по 2 минути, а нашиот претставник и знаменосец на игрите во Токио водеше цел натпревар.

 

Во првата рунда имаше предност од 5:1, па продолжи во одличен ритам и во втората зголеми на 10:3, за на крајот да слави со 11:8.

Георгиевски всушност успеа да го урне треторангираниот на Олимписките игри и актуелен светски првак, а во четвртфинале ќе се бори со Сејду Губане од Брегот на Слоновата Коска.

Македонија во историјата има само една бронза и тоа од ЛОИ во Сиднеј во 2000 година, кога Могамед Ибрагимов во борење освои бронза.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content