Десетина граѓани дневно губат свест поради топлото време

35

Зголемен е бројот на повици во Службата за Итна медицинска помош во Скопје, а екипите интервенираат дневно кај стотина случаи. Дневно има и од осум до десет колапси. Ова за МИА го изјави раководителката на Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Скопје, Милица Бубало.

Таа посочи дека граѓаните кои бараат помош не се чувствуваат добро поради топлото време и имаат главоболки, болка во градите, кардиоваскуларни промени, а интервенираат и при сообраќајни несреќи.

 

Поради високите температури и портокаловата фаза од Министерството за здравство потсетија и на општите мерки за заштита на здравјето, односно во текот на овие екстремно топли денови, граѓаните треба да останат повеќе време во затворени простории (пред сѐ, климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.

„Да се носи светла и лесна облека, при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри. Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари“, се наведува во препораките.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content