СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Со 95 гласа „За“ е усвоена Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Македонскиот јазик е македонски засебен различен од другите. Македонскиот народ има култура и историја на која може да се гордее и нема да дозволиме никој да ја оспорува - напиша Николовски.

Попладнево во Собранието ја усвои Резолуцијата поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за државните позиции, поточно за „црвените линии“ во разговорите со Бугарија. Таа била изгласана со 95 гласови „За“ и еден воздржан.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски прв објави на социјалните мрежи.

 

Во Собранието на Република Македонија на предлог ВМРО-ДПМНЕ усвоена декларација за македонските црвени линии кон Бугарија! Македонскиот јазик е македонски засебен различен од другите. Македонскиот народ има култура и историја на која може да се гордее и нема да дозволиме никој да ја оспорува – напиша Николовски.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content