СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Идната недела во овие термини ќе се врши дезинсекција во градот и населените места

Ве известуваме дека во деновите понеделник 05.06, вторник 06.06, среда 07.06, и четврток 08.06 2023 година, во периодот од 22:00 до 05:00 часот, екипа на Центарот за јавно здравје-Прилеп, ќе ја изврши првата фаза од адултицидната теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарци.

Со оваа дезинсекција ќе бидат опфатени сите урбани заедници во градот Прилеп и неговата периферија, како и населените места: Оревоец, Лениште, Селце, Лагово, Беровци, Кадино Село, Галичани, Тополчани, Ерековци, Канатларци, Чепигово, Тројкрсти, Славеј, Мало и Големо Коњари.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветер и дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content