СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Жабиномаалци традиционално и оваа година први го започнаа празнувањето на заштитникот на Прилеп, Св. Никола

Традиционално како и секоја година, еден ден пред големиот христијански празник „Свети Никола“, со прережување на славскиот колач и мал водосвет, што се изведе пред параклисот посветен на свети Никола, жителите на прилепската населба Жабино маало денеска го одбележаа споменот за патрониот празник на Прилеп.

Домаќин оваа година беше Ракометниот клуб Прилеп, а на настанот присуствуваше и градоначалникот Борче Јовчески.

-Традиционално во населбата Жабино Маало! На еден ден пред градската слава, го славиме и тука, патронот и заштитник на Прилеп, големиот христијански празник Св. Никола. Сакам да ви посакам пред се добро здравје на сите, мир, среќа и бериќет во вашите семејства. Голема благодарност за организацијата упатувам до годинешните домаќини ,,РК Прилеп”, а исто така го честитам кумството на новите домаќини за в година и се надевам дека здрави живи сите ќе се видиме повторно тука да го одбележиме овој голем празник. Ја користам оваа прилика уште еднаш да ги поканам сите жители на општина Прилеп утре на пладне во 12:00 часот, на централната прослава на празникот во центарот на градот пред параклисот на Св. Никола. Нека ни е за многу години празникот! Честита слава на сите мои сограѓани и вечно и честито име на сите кои слават – напиша Јовчески на ФБ.

За многу години и напомош!

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content