СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Традиционален божиќен ручек во Прилеп

На заедничка трпеза седнале и радоста за Христовото раѓање досега меѓусебе ја споделиле над 9000 деца од Македонија

Наместо на заедничка традиционална божикна трпеза поради пандемијата и ковид мерките за заштита, Детската амбасада за сите деца во светот годинава со над 600 пакетчиња и 550 дневни оброци опслужи околу 500 деца од сите категории и тоа во Прилеп, Скопје, Битола, Тетово, Куманово, Штип, Охрид, Стумица и во други градови од земјава.

Притоа беше испратена и пораката и мотото на оваа манифестација „едно небо за сите деца“.

Благословен да е овој божикен ручек. Денешниот е посебен колку што е посебен голем и светол овој православен христијански празник. Децата се нашата радост нашата иднина, во секој дом тие ја чуствуваат својата топлина.

Од Детската амбасада за сите деца во светот велат дека како и годинава така и во изминативе 15 години предтоа на заедничка трпеза седнале и радоста за Христовото раѓање досега меѓусебе ја споделиле над 9000 деца од Македонија.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content