Наместо да ја осудат навредата на полова и старосна основа која беше наменета за професорката Гордана Силјановска Давкова која е ривал на Стево Пендаровски, претседателот и портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска се смеат.
Во еден момент од митингот на СДСМ Пендаровски дава дозвола на еден граѓанин да коментира од официјалниот микрофон.
Граѓанинот тогаш мислејќи на Силјановска вели дека ,,Од баба невеста не бидува” и вели дека има само еден што може да биде претседател а тоа е Пендаровски.
Наместо да ги осудат навредите Пендаровски и Кузеска се смеат.