Вработените во МВР добиваат бонус плата за прекувремена работа

39

За оваа намена од буџетот на МВР издвоивме 121.530.722 денари, односно 135.033.142 денари во вкупен бруто износ со вклучен данок, средства плански обезбедени и најавени уште во декември 2020, велат од Министерството за внатрешни работи.

„Ова е резултат на заложбите на раководство на МВР за подигање на социјалниот статус на полициските службеници, покрај севкупното подобрување на професионалните услови за работа, поаѓајќи од фактот дека само задоволна полиција претставува ефикасен сервис на граѓаните, работи со полн капацитет и легитимитет и испорачува резултати во активностите за справување со криминалот. Со исплатените бонус плати за 2017, 2018, 2019 и оваа, за 2020 година, вработените во МВР сега знаат дека нивниот труд и пожртвуваноста се вреднуваат и наградуваат – нешто што претходно претставуваше невозможна мисија“, стои во писмениот допис од МВР.

 

„Продолжувајќи со силна мотивираност да ги градиме севкупните капацитети на МВР, одговорно тврдам дека во наредниот период со уште поголема енергија ќе се посветиме на воспоставување на европски стандарди во полицијата за да можеме да претендираме на уште подобри резултати во работењето, во полза на сите граѓани на Република Северна Македонија“, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content