СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Од денес нема полициски час, прославите со неограничен број гости, а ќе се организираат и концерти и забави

Од денеска целосно се укина полицискиот час, угостителските објекти нема да имаат ограничување во работното време, свадбите ќе може да се организираат со повеќе од 100 гости, а дозволени се настани, концерти и забави во клубовите и локали само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1000 лица.

Ова се мерките што ги препорача Комисијата за заразни болести, а вчера на седница ги прифати Владата и стапија на сила од ноќеска на полноќ.

Една од препораките е и измена и дополна на Протоколот за организирање  свадби, прослави и веселби.\

 

Вакцинацијата против Ковид-19 се одвива непречено на сите вакцинални пунктови низ државата. Интересот за вакцинирање се зголемува. Според податоците на веб страницата vakcinacija.mk, досега во државава се вакцинирале 259.935 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 450.634 граѓани.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content