СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Како секогаш да ви биде топло во домот, а сметките за струја пониски

Искористете ги изолациските бариери за вашиот животен простор да биде што попријатен за живеење.

Во студените зимски утра, станувањето од кревет може да биде вистинска мака. Ако живеете во влажни услови или се обидувате да заштедите пари на сметката за струја, сигурно се прашувате како да го направите вашиот дом што е можно потопол. Постојат неколку ефикасни начини за вашиот стан или куќа да ја задржат топлината и покрај неповолните временски услови.

Електричарот Давид Милошев открива неколку паметни трикови што ќе ви помогнат подолго да ја задржите топлината во вашиот дом, дури и кога надвор температурите се под нулата.

-Ролетните нека ви бидат кренати, а завесите тргнати на страна во текот на денот, во периодот кога сонцето ви сјае во прозорците. Штом сонцето ќе почне да заоѓа, спуштете ги ролетните и повлечете ги завесите за да ги покриете прозорците. Со пуштањето на сончевите зраци во вашиот дом, вие ја искористувате бесплатната сончева енергија. Раширувањето на завесите и спуштањето на ролетните помага да создадете добра изолациска бариера и ви овозможува да ја задржите бесплатната топлина што сте ја собрале во текот на денот – вели електричарот Милошев, а пренесува Мирор.

Уште еден трик за да обезбедите повеќе топлина во домот е да купите поквалитетни ролетни и да комбинирате завеси со ролетни.

– За време на студените денови или кога времето е многу топло, чувајте ги затворени за максимален ефект. Доколку имате радијатор под прозорецот, ви препорачуваме да комбинирате завеси со ролетни – велат експертите од компанијата Хиларис.

Паметен трик против проблемот со „бегањето“ на топлината е да користите капаци на вентилацијата за сушење облека, шпионките и утичниците.

– Користете капаци за шпионките и утикачите, или изолатори, и погрижете се другите отвори да бидат добро затворени со силикон – потсетува електричарот Милошев.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content