Локално
Возило удри во дрво, двајца патници тешко повредени
Вчера во 10.30 часот на улицата „Радовишка” во Прилеп, возило „рено” управувано од Д.Б.(64) од Прилеп, излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Б.(59), а возачот Д.Б. се здобил со повреди и на истите им била укажана лекарска помош во Медицински центар Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.