СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Македонија одигра нерешено со европскиот шампион Италија

Македонската фудбалска репрезентација и тоа како го поправи впечатокот од оние јунски натпревари и одигра 1:1 со актуелниот европски шампион Италија.

Селекторот Милевски почна со Димитриевски на голот, во одбраната Зајков, Муслиу и Манев, како латерални бекови Алиоски и Ашковски, во средниот ред Барди, Елези и Атанасов, а напред Елмас и Миовски.

Италија почна земајќи го поседот и повеќе играше во првите дваесетина минути, а имаше и оправдано поништен гол поради офсајд.

Македонија прв пат се закани во 19. минута кога Алиоски нафрли за Миовски, но овој со глава го промаши голот.

Аѕурите имаа повеќе обиде во првите 45 минути, но не успеаја да погодат. Затоа, само две минути по паузтаа студен туш за Македонија. По едн алошо расчистена топка Барела погоди пречка, а одбиената топка Имобиле лесно со глава ја смести в гол.

Следуваше период каде Италија ја контролираше играта, не дозволувајќи Македонија да создава шанси. Но, тоа се смени кон крајот.

По неколку закани, во 81. Минута Барди перфектно изведе слободен удар и израмни на 1:1.

Нормално, Италија притисна за победнички гол, а 28-илјадната публика нервозно ги следеше шесте минути судиско надополнување.

Со овој бод Македонија има 4 бодови, исто колку и Италија.

Утре репрезентацијата патува за Малта, каде во вторник од 20:45 часот го игра петтиот натпревар во овие квалификации.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content