СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Експерти открија која е најлошата храна за здравјето

Ако сакате да живеете поздраво, мора да исфрлите доста нездрави намирници од исхраната, а за кои експертите сметаат дека се најлоши за здравјето.

1. Преработено месо

Оваа категорија во целина е нездрава. Виршли, салами, говедско место и колбаси треба што почесто да избегнувате, ако не и целосно да ги исфрлите од исхраната.

„Светската здравствена организација го класифицира преработеното месо како канцероген тип 1 што значи дека е познато дека предизвикува рак. Преработеното месо содржи хемикалии кои ги нема во свежото месо“, тврди нутриционистот Ангела Л. Лаго.

Досегашните студии покажаа дека луѓето кои обилно јадат преработено месо имаат поголема веројатност да имаат висок крвен притисок како и срцеви заболувања, пишува The Post.

2. Пржена храна

Пржената храна е исто така лоша за здравјето. Таа не треба да е основа во исхраната, а сè почесто е.

„Општо, пржената храна има повеќе масти, сол и калории. Сето тоа е ужасно за здравјето на срцето и ризик од развој на прекумерна тежина“, истакнува Лаго.

3. Рафинирани јаглехидрати

Избегнувајте бел леб, бел ориз и тестенини, пица, печива и низа други слични производи кои содржат рафинирани јахлехидрати.

„Стандардната исхрана сиромашна со растителни влакна, а која се состои од преработени, рафинирани производи од житарки, влијае негативно на здравјето“, вели Лаго.

4. Хидрогенизирани масти

Оваа состојка е дел од пакуваната и брза храна.

„Студиите покажаа дека овие масти го зголемуваат процентот на смртност. Често содржат путер од кикирики“, објаснува д-р Андреа Пол.

5. Преработени масла

Според здравствениот центар Paloma Health, луѓето да избегнуваат преработени масла.

„Таквите масла општо се штетни за човечкото здравје и треба да ги избегнувате. Во текот на обработка се загреваат на екстремно високи температури и оксидираат. Оксидацијата произведува слободни радикали кои можат да предизвикаат штета во целото тело. Обидете да ги ограничите и избегнувајте ги, јадете повеќе овошје и зеленчук богато со антиоксиданси“, велат за The Post.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content