Веб-страницата за попишување веќе е хакирана?!

29

„Здраво, мислам дека наидов на грешка во апликацијата за само-попишување наменета за граѓани од дијаспората. Пишувам за да ме исправите ако грешам или да пријавите ако е тоа потребно.

Јас која живеам во Македонија, успеав да се само-попишам користејќи VPN.

Интернет страната не дозволува да се регистрирате доколку имате македонска IP адреса, но штом инсталирав VPN (бесплатен) веќе немаше ограничувања.

Само-попишувањето е не само за дијаспората туку и за секој граѓанин кој во овој период нема да е во Македонија. И така јас одбрав да сум кај нашиот северен сосед, го оставив мојот македонски телефон и без никаков проблем бев регистрирана и го пополнив прашалникот. Не се бараат никакви податоци за адреса од земјата каде што престојувам, а за причина за престој имаше повеќе опции од кои последната беше “Друго” или нешто слично.

Ми падна чудно што и во прашалникот кога ја пополнував адресата во Македонија задолжително беше само името на улицата, но не и број, влез, стан…

И сега се прашувам 2 нешта:

1. Зошто не постои подобра заштита која мене од Македонија би ми оневозможило да се само-попишам?

2. Дали сега, кога го имаат мојот матичен број, но не и комплетната адреса, ќе бидам исклучена од физичкиот попис, да ме прескокнат т.е. како да не се бројам 2 пати еднаш дигитално и еднаш на прашалниците кои претпоставувам испечатени на хартија ќе ги носат луѓето што ќе нѐ попишуваат?“, се наведува во забелешката објавена од корисничка на Фејсбук групата Сојузен Комитет на Програмери на Република Македонија.

Инаку, VPN е алатка која ја редиректира вашата IP адреса на друго место. Па така, користејќи VPN вие лажно можете да покажете дека сте приклучени од друга држава. Алатката обично се користи за пиратерија на интернет просторот со цел да не може да биде откриено од каде сте приклучени. Се користи и за апликации и програми кои поради разни причини се забранети во Македонија. Со користењето на VPN програмата која сакате да ја користите не може да препознае дали се приклучувате од недозволена зона.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content