СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Тодоровиќ и Здравев уапсени за злоупотреба на службена положба и за перење пари

Вчера (29.06.2023) во попладневните часови и во текот на вечерта од страна на полициски службеници од МВР – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по налог на ОЈО ГОКК, а со наредба на судија на претходна постапка, лишени се од слобода пет лица во врска со чл.273 ст.5 и чл.353 ст.5 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Лицата се приведени и задржани во полициска станица и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Како што дознава „Макфакс“ ќе се бараат мерки за обезбедување присуство, а засега не е познато дали тоа ќе биде притвор, куќен притвор или одземање на патна исправа.

Според Кривичниот законик, член 273 се однесува на перење пари, а член 353 за злоупотреба на службената положба.

Дел од медиумите објавија дека меѓу уапсените се и сопственикот на „Тинекс“ и поранешен градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ и поранешниот функционер во истата Општина Владимир Здравев за предметот за проектот „Скопје 2014“.

.За денеска во 13 часот прес-конференција има најавено и Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content