СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Доларот падна втор ден по ред, падна и цената на нафтата

На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна втор ден по ред и дополнително се лизна од највисокото ниво во последните 20 години.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 107,50 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 107,78 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 138,35 на 137,95 јени.

Американската валута исто така ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0135 долари, додека вчера во ова време беше 1,0105 долари.

Цените на нафтата, пак, утрово благо паднаа, откако вчера скокнаа за околу 5 отсто.

Цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 0,39 отсто, на 105,85 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,19 отсто, на 102,40 долари.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content