Бесплатен превоз во железничкиот сообраќај за неколку категории граѓани од 1 мај

56

Па така, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од 12 часот до понеделник до 12 часот ќе има бесплатен превоз на млади лица до 27 години. Секој втор викенд во месецот пак, бесплатен превоз во петок, сабота и недела има за жени до 62 и мажи до 64 години.

Исто така, предвиден е бесплатен превоз за студенти секој четврток, како и бесплатен превоз за сите ученици во средно образование, еднаш неделно, во среда.

Мерката за бесплатен превоз се носи согласно мерките за намалување на трошоците на живот за граѓаните, а одлуката ја донесе Владата преку Министерството за транспорт и врски и Железници.

Со мерката, како што соопштуваат од Железници, се овозможува континуирана поддршка на граѓаните со цел поттикнување на железничкиот сообраќај како најевтин и еколошки превоз.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content