СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Големо присуство на верници во Бигорски

Во Бигорски голема присутност на верници, благодарни на владиката Партениј што го претворил во рај за сите.

Во македонското древно светилиште, Бигорскиот манастир, по две години, поради пандемијата со Ковид-19, за овој празник над празниците Христовото воскресение, Велигден, почнува да наликува на годините пред тоа, кога за овој празник, тука престојуваа и по две илјади верници.

-Од вчера, заради големата страдална седмица и празникот Воскресение Христово, дојдени и сместени се околу 350 верници, кои заедно со оние што се постојано тука, монасите и штитениците се околу 450 лица, ни рече сестра Ефимија при нашата посета на манастирот.

Верници и други гости има од околните места, блиските градови и села, а доаѓаат уште двојно повеќе и си заминуваат после завршувањето на богослужбите. По традиција се очекува масовна посетеност следните три дена.

Но, иако присутните се навистина во голем број, сепак, тука владее невозможна тишина. Сите се фокусирани на прекрасните богослужби и источното, византиско пеење кое овде постојано се практикува.

За присутните гости организирана е и веронаука. Во големата гостинска сала се одржуваат предавања за значењето на овие големи денови. Сите внимателно слушаат.

-Бигорски е гордост за Мијачијата и за сите нас од поширокиот дебарски регион, владиката Партениј успеа да го промени крајов, манастиров наш го претвори во рај за сите, од секаде доаѓаат. Горди сме што сме дебрани, што живееме блиску до него, велат дебранки, со кои се сретнавме по богослужбата.

Тука не се само дебрани и оние од соседните населени градови, туку има верници речиси од сите делови на државата.

-Бигорски прави голема мисија. Богослужби на кои пеењето те издигнува кон небото, предавања за значењето на овие свети денови каде можат да се научат важни нешта. Монасите се прекрасни и гостољубиви, а владиката Партениј со своето присуство на богослужбите внесува надеж и духовна топлина. Голема поткрепа за сите нас е да бидеме овде за овие најважни денови за православните христијани, вели Билјана од Скопје.

Бигорски е подготвен за достојно одбележување на Хрстовото воскресение, кое како и со векови наназад, во сабота на полноќ ќе го означи екот на камбаните испреплетен со шумолењето на Бистра и жуборењето на Радика.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content