СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Десетици настани на 19-та „Бела ноќ”!

Традиционалната културна манифестација „Бела ноќ“ ќе се одржи во сабота (30.09.2023) на повеќе локации низ Скопје. Скопјани и посетителите ќе имаат можност да уживаат во музички концерти, изложби, проекции, поетски читања и перформанси на десетици локации низ градот.

Централната манифестација ќе се одржи пред „Порта Македонија“ каде скопјани ќе уживаат во композициите од маестро Кире Костов, кои ќе бидат изведувани од Андријана Јаневска, Наде Талевска, Дани Димитровска и Ламбе Алабаковски придружувани од Биг Бенд под диригентската палка на Љупчо Мирковски и специјално визуелно шоу со 3D мапинг на самата порта. Како претходница ќе може да се чуе рок концерт на музичкото училиште „Ентерпрајз“ на класата ученици од 10 до 18 години.

„Октомвриски музички поход“ ќе го имаат своето првенствено издание на „Школка“ во градскиот парк, а ќе може да се чујат и видат: Група Педро Хоризонте, Стефан Петановски Бенд, Занаду Бенд, Димиш Бенд и диџеите: Раста Грл, Чарли и Јаска.

Во ГТЦ ќе може да се погледне изложбата „Игри и мечтаења“ од Друштвото на ликовни уметници на Македонија, во Факултетот за Драмски уметности ќе можат да се погледнат повеќе театарски престави како и филмска и музичка програма. На плоштадот „Филип Втори“ ќе може да се ужива во изведбите на македонските традиционални ора од повеќе културно-уметнички друштва.

Во кинотеката на Македонија ќе можат да се проследат Македонски филмски и музички достигнувања, во Галерија Остен ќе биде поставена изложбата „Право на јавни простори“ од Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитет Американ Колеџ. Во „Капан Ан“ ќе биде прикажан проектот „Никеја“ со Славе Димитров и Весна Ѓиновска Илкова а во Домот на културата „Кочо Рацин“ ќе биде поставена изложбата „Култура во кутија на Доминиум културно јадро. Во ноќниот клуб PURE ќе се одржи Skopje Fashion festival каде ќе се прикажат модните дизајнери: Ивана Кнез, Џорџе Башаревиќ, Бошко и Цеце Т.

Програмата ја збогатуваат и културните институции Културно Информативен Центар – Скопје, Детски културен центар „Карпош“, Музеј на Град Скопје, Музеј на современа уметност, Библиотека „Браќа Миладиновци“, НУ Национална галерија, НУ Музеј на македонската борба и самостојност и НУ Турски театар.

Целосната програма со распоред, локации и учесници ќе може да се погледне на www.univerzalna.com.mk/belanok. Сите настани се од отворен карактер и се бесплатни за посетителите.

Настанот е во организација на ЈУ Универзална сала, финансиран од Град Скопје, а е дел од богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content